БУРМАТА НА МЕГАН МАРКЛ ЌЕ СЕ ИЗРАБОТИ ОД 24-КАРАТНО ВЕЛШКО ЗЛАТО

Велс, (Ројтерс)

Кога принцот Хари ќе се омажи за Меган Маркл на 19 мај, тој ќе ја следи кралската традиција за користење венчални прстени изработени од велшко злато, која започна пред речиси 100 години.

Велшкото злато од 24 карати има повисок процент на чисто злато од стандардното 18-каратно, што му дава богата, топла боја.

Прабабата на Хари, кралицата мајка Елизабета, била прва која имала злато од Велс во нејзиниот прстен, кога се омажила за идниот крал Џорџ Шести во 1923 година.

Печатот е изложен во златарата на „Клого“ во Велс (Фото: Ројтерс)

Нејзиниот пример го следела актуелната кралица Елизабета, на свадбата со принцот Филип во 1947 година, а традицијата ја продолжија и принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во 2011 година.

„За свадбата на Маркл, уникатните златни прстени со велшкиот знак на змеј, најверојатно, ќе ги направи златарот Вартски во нашата работилница во Лондон“, изјави Бен Робертс, директорот на брендот „Клого“, кој повеќе од еден век обезбедува злато за кралското семејство.

Модел на кралски прстен е претставен во златарата на „Клого“ во Велс (Фото: Ројтерс)

Робертс смета дека прстенот ќе биде од светло злато, за да одговара на свршеничкиот прстен на Маркл, што го дизајнираше принцот Хари и има три дијаманти.

„Гледајќи го нејзиниот свршенички прстен, венчалниот ќе треба да се совпадне со него, па, веројатно, ќе биде од жолто злато, место карактеристичното розеникаво злато, кое најчесто е во дизајните на накит на нашата компанија“, изјави Робертс.

Во 1981 година, „Клого“ ѝ дал на кралицата плочка од велшко злато од еден од двата нивни рудници, кои работеа до крајот на 90-ите години на минатиот век, за да се прават прстените на идните кралски невести.