ДЕЦАТА НА ХАРИ И МЕГАН СТАНАА ПРИНЦ АРЧИ И ПРИНЦЕЗА ЛИЛИБЕТ ПО СМРТТА НА КРАЛИЦАТА

Лондон, (Гардијан)

Смртта на Елизабета Втора и промената на британскиот престол значат дека децата на Хари и Меган ги добиваат кралските титули. Тригодишниот Арчи Маунтбатен-Виндзор стана принц, а неговата помлада сестра Лилибет ќе ја добие титулата принцеза.

Сепак, има најави дека Чарлс сака да го промени протоколот со цел да ја намали монархијата, со што Арчи и Лилибет би биле исклучени од можноста да ги носат кралските титули.

Според протоколите воспоставени од кралот Џорџ Петти во 1917, само децата и внуците на монархот имаат автоматско право на титулата принц/принцеза. Кога се роди, Арчи беше правнук на Елизабета, со што не можеше да стане и принц.

Сега кога Чарлс стана крал, неговиот постар син Вилијам автоматски беше унапреден во престолонаследник, а следен во редот е неговото најстаро дете, деветгодишниот принц Џорџ.