„ЏОНИ ВОКЕР“ ГО ПРЕТСТАВИ ВИСКИТО „ИГРА НА ТРОНОВИ“

Лос Анџелес, (Ју-Ес-Еј тудеј)

Ејч-Би-О влегува и на пазарот на жестоки алкохолни пијалоци, искористувајќи го својот најсилен адут – „Игра на тронови“.

Специјална серија на вискито „Џони вокер“, „вајт вокер“, наскоро ќе се најде во продавници, како резултат на новиот договор помеѓу компанијата „Дијагео“ и ТВ-мрежата, која ги држи правата и за пивата и вината под етикетата „Игра на тронови“.

Легендарната маскота на брендот за оваа прилика е опремена со оклоп, а специјално обложеното шише ја открива пораката „зимата е тука“ кога ќе ја достигне температурата на замрзнување.

Планирани се осум различни верзии на вискито, од кои седум се именувани според куќите од Вестерос, плус една посветена на Ноќната стража.

Во меѓувреме, фановите уште го чекаат датумот на премиерата на последната сезона, која ќе се емитува на пролет.