3-Д ОТПЕЧАТЕНИ ЧЕВЛИ ИНСПИРИРАНИ ОД ФОРМИ ОД ПРИРОДАТА

Њујорк, (Мешабл)

Луксузниот бренд за чевли „Ика и Костика“ ја искористи технологијата на 3-Д печатење за да создаде колекција наречена „Егзобајолоџи“. Инспирирани од природата, чевлите се обликувани и дизајнирани за „удобно да одговараат на природната форма на стапалото“.

„Оваа колекција е славење на природните системи кои создаваат убави сложени работи. Сакавме да видиме колку можеме да одиме над природата за да создадеме форма направена според нашите желби, нешто надвор од овој свет“, вели еден од основачите на компанијата, Ика Пару.

Колекцијата се состои од четири различни дизајни на чевли (морско коњче, мицелиум, корал и ‘рбет), за кои се вели дека „ја истражуваат иднината на животот и модата во нашиот универзум“. Конечниот производ се лесни, издржливи и долготрајни чевли. Според компанијата, тие ќе бидат произведени во мал број примероци.