Кога станува збор за улична уметност, никој не го прави тоа побуквално од Џим Бачор. Во последните неколку години, 52-годишниот Американец украсува уништени патишта со свои мозаици, пополнувајќи ги дупките со мали уметнички дела.

Тој вели дека се инспирирал за ваква уметност од едно патување во Италија кон крајот на 1990-ите години и првиот мозаик го направил во 2013, на улица пред својот дом во Чикаго.

„Дупките во мојата улица беа прилично лоши. Собрав два и два и дојдов на идеја овој нерешлив проблем да го решам во моето студио 100 метри подалеку“, вели Бачор.

Тој тргна од своето маало, а денес неговите мозаици можат да се пронајдат низ цел свет, од Њујорк до Хелсинки и вкупно има направено 79 инсталации. Условите се дупката да не биде во центарот на градот, да биде широка најмногу 60 сантиметри и патот на којшто се поставува мозаикот да биде во релативно добра состојба.

Бачор е свесен дека ова што го прави е недозволено, па така во Њујорк, неговиот мозаик бил отстранет од властите.