Дизајнерката од Лос Анџелес Луси Мекреј направи машина за гушкање наречена Compression Carpet.
Мекреј, која себеси се нарекува архитектка за тело, вели дека замислува иднина во која што брзорастечкиот прилив на технологија има големо влијание врз менталното здравје на луѓето. Таа се прашува дали механичкиот допир, место физичкиот со други луѓе, е најдобро решение во иднина.
Нејзината машина нуди прегратка по целото тело, кое е поставено меѓу перници.
„Се приближуваме кон криза на допир предизвикана од технологијата, толку голема што стигна до ниво на вознемиреност“, вели Мекреј.
Машината е во розова и кафеава боја налик на бојата на кожата за да се нагласи илузијата на човечки допир. Личноста легнува во машината, а друга личност со рачка може да ја контролира јачината на прегратката.