„Валхала“ е новиот хиперавтомобил на „астон мартин“ кој ќе се користи во новиот филм за Џејмс Бонд. Тој е проценет на 1,5 милиони фунти и ќе биде еден од три автомобили кои ќе се појават во 25. филм за британскиот таен агент.

Новиот автомобил ќе го замени „астон мартин ДБ10“, фиктивен модел создаден за „Спектра“ од 2015 година. „Валхала“, пак, ќе биде достапен за продажба. Компанијата соопшти дека тој ќе има специјално развиен турбо бензински мотор, кој ќе може да достигне 100 километри на час за помалку од три секунди.

Работниот наслов на новиот „Џејмс Бонд“, во кој за петти и последен пат ќе игра Даниел Крег, е „Шатерхенд“, а го режира Американецот Кери Фукунага.