Кралската коњичка трка Ројал аскот во Лондон не е само спортски настан, туку и спој на гламур, традиција и висока мода.

Британската кралица Елизабета Втора со холандската кралица Максима / Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ

Настанот на кој доаѓаат целото британско кралско семејство, на чело со кралицата Елизабета Втора, благородници и високи гости од сите области се оценува како едно од најдобрите нешта на Велика Британија во изминативе години полни со политички турбуленции.

„Ова е ден кога забораваме на сите проблеми, не сакаме да го пропуштиме. Ова е најдоброто од нас”, вели еден гостин за Си-Ен-Ен.

Дрес кодот, во кој доминираат екстравагантните шапки, и шампањот се препознатлив знак на трката.