„БМВ“ ПРЕТСТАВИ АВТОМОБИЛ КОЈ МОЖЕ ДА МЕНУВА БОИ

Лас Вегас, (Дејли мејл)

Арнолд Шварценегер се појави на Саемот на електроника во Лас Вегас за да претстави нов БМВ инспириран од вештачката интелигенција. Станува збор за моделот „BMW i Vision Dee“, кој може да менува бои.

Електричниот спортски седан користи електронско мастило за да менува 32 можни бои, вклучувајќи виолетова, розова, црвена, бела и жолта. „БМВ“ го опиша „Vision Dee“ како „следно ниво на интеракција помеѓу луѓето и машините“.

Dee се однесува на дигитално емоционално искуство и ја нагласува растечката важност на врската помеѓу луѓето и машините“, изјави извршниот директор на „БМВ“, Оливер Ципсе.

Сепак, од компанијата велат дека автомобилот е само концепт и нема да се најде во продажба.

(Фото: АП)