БРИТАНСКИ УМЕТНИК СОЗДАВА ОГРОМНИ ГЕОМЕТРИСКИ ПРЕЦИЗНИ ДИЗАЈНИ ОДЕЈЌИ ПО СНЕГ

Денвер, (Би-Би-Си)

Британски уметник користи компас, чевли за снег и свои познавања од картографија и спортска ориентација за да создава масивни, геометриски прецизни дизајни на снежно платно.

Шеесет и едногодишниот Сајмон Бек помина десетици километри во круг за да ги направи своите уникатни и привремени уметнички дела во Колорадо, кои најдобро можат да се видат од воздух. Неговите дизајни се инспирирани од снегулки, житни кругови и математички фрактали.

Сајмон Бек вели дека правењето на делата е како вежба по ориентација

Бек се бореше со силен ветер додека ги правеше своите осум дизајни на свежо паднат снег во околината на Силверторн. Притоа пропешачи повеќе од 80 километри за период од една недела. Тој имал во план да направи десет огромни мурали, но временските прилики му дозволија осум, што исто така му е нов личен рекорд.

Бек почнал да се занимава со оваа уметност во 2004 година, прво како хоби.

„Ова е како вежба по ориентација, процесот е речиси ист. Моите дела траат колку што дозволува времето, но нема врска, остануваат убави фотографии“, вели Бек, на кого понекогаш му требаат и 11 часови за да создаде едно дело.