Дождот и калта го упропастија крајот на фестивалот Брнинг мен откако повеќе од 70.000 луѓе цел викенд останаа заглавени во пустината во Невада, без можност да си одат дома. Традиционалното финале, палењето на голема дрвена човечка фигура, е поместено за вечерва.
Темата на годинашниот фестивал беше „Анималија“ и инспирирани од тоа, уметници од цел свет создадоа колекција од неверојатни скулптури и инсталации, проследено со карактеристичната фестивалска мода.
Брнинг мен е еден од најпознатите уметнички и културни настани во САД, за кој се создава привремениот град Блек Рок Сити.
(Фото: Ју-Ес-Еј тудеј)