„БУЛГАРИ“ ГО СОЗДАДЕ НАЈТЕНКИОТ ЧАСОВНИК НА СВЕТОТ

Рим, (Дезин)

Италијанската компанија „Булгари“ го создаде најтенкиот рачен часовник на светот – „Octo Finissimo Ultra Cosc“, кој е тенок само 1,7 милиметри. Притоа за 0,05 милиметри го собори рекордот што го држеше часовник создаден од „Ричард Миле“ и „Ферари“ во 2022.

Часовникот е тенок само 1,7 милиметри

Сите 170 компоненти кои ја овозможуваат работата на часовникот се фиксирани директно на задниот дел од куќиштето. Овој дел е изработен од волфрам карбид, ултраиздржлива метална легура, додека предниот дел на куќиштето и соодветниот ремен се изработени од титаниум.

Часовникот ќе биде произведен во само 20 примероци.