Австралиските хард рок легенди „Еј-Си/Ди-Си“ ќе издадат колекција сложувалки што ќе се базираат на омотите на нивни албуми.

Фановите ќе можат да ги состават омотите на „High Voltage“ од 1976, „For Those About to Rock“ од 1981, „Blow Up Your Video“ од 1987 и „Ballbreaker“ од 1995 година. Секоја сложувалка ќе се состои од 500 делчиња и ќе има големина од 410 со 410 милиметри. Тие ќе се најдат во продажба од 4 септември.

„Ајрон мејдн“, „Металика“ и „Моторхед“ се меѓу бендовите кои исто така имаат објавено свои сложувалки.