Австрија ќе го субвенционира купувањето на електричен автомобил со 5.000 евра, почнувајќи од јули, соопшти министерката за економија Леонор Гевеслер.

„Сообраќајот останува главниот проблем на климатската рамнотежа. Сакаме да ги искористиме сите расположиви инструменти за да направиме пресврт на полето на мобилноста“, изјави Гевеслер.

Државата исто така планира тројно да го зголеми бројот на станиците за полнење на електрични автомобили, кои сега ги има околу 5.500.

До крајот на мај, во Австрија биле регистрирани 33.000 електрични автомобили, што е само 0.7% од вкупната бројка автомобили во земјата.