„Хјундаи“ го најави концептот на електричното возило „професи“ кое премиерно ќе биде претставено на Автосаемот во Женева. Ова возило треба да ги покаже првите плодови од соработката на „Хјундаи“ со хрватската компанија „Римац“, во која минатата година вложи 64 милиони евра.
Од „Хјундаи“ гордо велат дека „професи“ треба да биде показател за дизајнот на идната палета на електрични возила на компанијата.
„Хјундаи“ има големи планови на ова поле и неодамна објави дека во наредните пет години ќе инвестира 87 милијарди долари во електрификација, што вклучува 44 нови возила со погон на батерии или горивни ќелии.
Освен со „Римац“, „Хјундаи“ потпиша договор за соработка и со старт ап компанијата за електрични возила „Кану“.