Хотелот „Шангри-Ла“ во Сингапур сака да ги направи задоволни, пред сѐ, своите најмлади гости.

Луксузниот хотел претстави пет нови тематски апартмани, кои како да се излезени од детската фантазија.

По цена од 700 долари за ноќевање, семејствата можат да отседнат во апартман налик на замок или во апартман во којшто децата ќе се чувствуваат како да се во реален вселенски брод.

Тука е и „подводен“ апартман со океански ѕид, додека апартманот сафари нуди услови за луксузно кампирање.

Сместени на деветтиот спрат од хотелот, петте апартмани имаат големина од по 72 квадратни метри, при што детската соба и спалната соба за родителите се поврзани со тунел. Тие се наменети за четиричлени семејства, кои имаат деца помали од 12 години.

Областа која беше отворена во јануари има и музичко студио, школо за готвење, простор за одржување забави, како и посебно дизајниран дел за деца до четиригодишна возраст.