По „Фолксваген“ и „Сеат“, и „Шкода“ ќе има своја верзија на мал електричен автомобил. Негово име е „ситиго-е“ и ќе го придвижува електричен мотор со 82 коњски сили.
Тоа можеби не звучи многу, но „ситиго-е“ е само 3.597 милиметри долг и 1.645 милиметри широк.
Компанијата објави дека електричниот мотор ќе овозможува забрзување до 100 километри на час за 12,5 секунди, но поважно е колку ќе може да помине со едно полнење. Опремен со пакет батерии од 36,8 киловат/часови, сместени на подот од шасијата, малиот хечбек ќе може да помине 265 километри меѓу две полнења.
„Ситиго-е“ ќе оди во сериско производство од втората половина на годината.