ИНДИЈА ЈА ДОБИВА НАЈВИСОКАТА СТАТУА НА СВЕТОТ, ЌЕ ЧИНИ 430 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Њу Делхи, (Би-Би-Си)

Највисоката скулптура на светот, што ќе се наоѓа во Индија, е блиску до комплетирањето.

Висока 182 метри, таа ќе го претставува Сардар Валабхбаи Пател, херојот на борбата за независност на Индија.

Актуелниот светски рекорд го држи будистичкиот Храм на пролетта во Кина, висок 128 метри.

Индиската статуа ќе чини 29,9 милијарди рупии, што е околу 430 милиони долари, и таа се смета за омилен проект на премиерот Нарендра Мори.

Насловена „Статуа на единството“, таа треба да биде отворена од Мори на 31 октомври.

Пател стана вицепремиер на Индија, откако таа се здоби со независност во 1947 година и почина три години подоцна.

Изградбата на статуата, на што се ангажирани повеќе од 2.000 работници, почна во 2013 година и кога ќе биде завршена, таа ќе биде двојно повисока од Статуата на слободата во Њујорк.