ЈАПОНИЈА ПОЧНА ДА ГО ТЕСТИРА НАЈБРЗИОТ ВОЗ НА СВЕТОТ

Токио, (Енгаџет)

Јапонија почна со тестирањата на својот најнов и најбрз воз. „Шинкансен АЛФА-Екс“ е способен да постигне брзина од 400 километри на час и се очекува да биде пуштен во сообраќај околу 2030 година. Тој тогаш веројатно ќе стане најбрз воз на светот, а ќе превезува патници при брзина од околу 360 километри на час.

Возот прво ќе биде подложен на тригодишни тестирања и тие ќе се случуваат околу полноќ двапати неделно. Тој е изграден од компаниите „Кавасаки“ и „Хитачи“ и има десет вагони и 21 метар долг аеродинамички нос.

Наредната година, Јапонија планира да го лансира возот „шинкансен Н700С“, но тој ќе може да постигне околу 300 км/час.

Моментално, најбрзиот воз на светот го има Кина, кој може да вози со 350 км/час.