ЛЕГЕНДАРНАТА „БУБА“ ДОБИВА ЕЛЕКТРИЧЕН ПОГОН

Берлин, (Автокар)

Омилениот автомобил на сите генерации е подготвен да зачекори во иднината и уште еднаш да му одолее на времето.

„Фолксваген“ ги разгледува плановите популарната „буба“ да добие електричен погон, откри претседателот на германската компанија, Херберт Дајс.

„Компанијата сериозно и активно го разгледува овој план. Сакаме и електрична ‘буба‘ да биде дел од нашата понуда на возила со нулта емисија на штетни гасови. Ако направиме таква ‘буба‘, таа ќе биде подобра од денешниот модел, но и ќе се вратиме во историја, бидејќи би имала погон на задни тркала“, кажа Дајс.

Фолксваген“ сѐ уште не почнал да работи на концептот на ова возило, но веќе почна да се префрла на производство на електрични возила, најавувајќи ја својата електрична верзија на класичен минибус.

Цело време примаме писма и пораки од нашите муштерии, кои нѐ молат да почнеме да произведуваме ваков автомобил“, вели Дајс.

Во септември, компанијата објави дека ќе вложи 24 милијарди долари во производство на електрични возила од 2030 година.