Маскотите се специјална, но често занемарена компонента на Олимписки игри.
Почнувајќи од Зимските игри во Гренобл во 1968 година, симпатично суштество беше посебно креирано за секоја Олимпијада, а потоа од нив се правеше и добар маркетинг.
Интернет ужива да прави рангирања, па еве го и на најдобрите олимписки маскоти досега.
1. Квачи и Мига (Ванкувер, 2010)
Сасквоч и морска мечка се посвета на локалните легенди и култура.
2. Валди (Минхен, 1972)
Валди е елегантно и позерско куче, гордо на своето германско потекло. Изборот на боите е благ и пријатен за око.
3. Сохоранг (Пјонгчанг, 2018)
Годинашнава маскота совршено одговара на климата во регионот.
4. Винициус (Рио, 2016)
Неговиот шарен дизајн зрачи со позитива и со сончева светлина, токму како градот што го претставува. Тој не е едно животно, туку комбинација од повеќе бразилски суштества.
5. Амик (Монтреал, 1976)
Оваа минималистичка маскота е, всушност, дабар, што е многу канадски.
6. Беибеи, Џингџинг, Хуанхуан, Јингјинг и Нини (Пекинг, 2008)
Секоја од петте маскоти претставува различен традиционален кинески елемент и различна желба: просперитет, радост, здравје, среќа и страст кон спортот.
7. Коби (Барселона, 1992)
Иако треба да претставува пиринејско планинско куче, неговиот изглед не го открива тоа. Кубистичкиот дизајн го прави Коби поразличен од сите други маскоти.
8. Ходори (Сеул, 1988)
Ходори ја претставува Јужна Кореја како силна и достоинствена земја и во исто време плени со позитивност. Во чест на своите корени, тој носи традиционален корејски шешир – сангмо.
9. Поудер, Коул и Копер (Солт Лејк Сити, 2002)
Мечка, зајак и којот се животните што се на големо присутни во приказните на домородните Американци и секој носи ѓердан во вид на петроглиф, во стилот на древните народи од тој регион, Анасази и Фремонти.
10. Суки, Ноки, Леки и Цуки (Нагано, 1998)
Попознати како Сноулетс, овие птички имаат сѐ што треба за привлечен дизајн: заоблен облик, светли бои и големи очи.