Нисан“ денеска го претстави својот прв целосно нов модел за светските пазари по пет години пауза, во обид да ги надмине проблемите кои ја следеа компанијата во изминатиот период.

Арија“ е електричен теренец кој ја содржи најновата самовозечка технологија на „Нисан“, а неговиот опсег на возење се споредува со оној на моделите на „Тесла“. Со едно полнење ќе може да помине 610 километри.

Проблемот може да биде цената од 47.000 долари, што „арија“ ја прави поскапа од најпродаваниот глобален модел на „Нисан“, „екс-треил“. Од компанијата затоа признаваат дека почетните продажни проекции се скромни, што не оди во прилог на амбициите на компанијата да се помрдне од дното. Два извора велат дека „Нисан“ очекува да продаде само 30.000 примероци на „арија“ во првата година.

Арија“ прво ќе се појави на јапонскиот пазар во средина на 2021, а потоа ќе дојде и во САД, Европа и Кина.