Сладок, неодолив и носталгичен – ова се трите збора што најдобро го опишуваат „нобе 100“, електрично возило на три тркала од Естонија, што го осмисли основачот и извршен директор на истоимената компанија Роман Мулјар.
„Нобе 100“ е поразличен од сите возила на три тркала што сме ги виделе досега, бидејќи не е ни мотоцикл, ни автомобил од научно-фантастични филмови. Тој, исто така, е првиот електричен кабриолет на светот.
Неоптоварен со детали и модерни системи, ова возило нуди голема практичност во урбани услови. Има три седишта и скромен багажник, а максималната брзина му е 110 километри на час. Со едно полнење, може да помине околу 220 километри.
Друга позитивна особина на „нобе 100“ е што е целосно направен од рециклирани материјали.
Сепак, за да се стартува негово производство потребни се еден милион евра, за што е веќе покрената кампања на интернет.