„Ленд ровер дифендер“ е легенда меѓу теренците која живее веќе 71 година и на Автосаемот во Франкфурт беше претставена неговата нова верзија.

Воден од страста и почитта кон оригиналот, новиот „дифендер“ нуди мноштво можности и напредни технологии за движење по секаков терен, за да ја редефинира авантурата во 21. век. Стабилен на секаква подлога и со врвен комфор, тој гарантира уживање при долгите патувања.

Со максимален товар од 900 килограми, носивост на покривот при статичко оптоварување од 300 килограми и со способност за минување низ вода до длабочина од 900 милиметри, ова е врвно 4х4 возило за копнени авантури. Пионерската технологија на „Ленд ровер“ за теренско возење Теренска реакција 2 сега е подобрена со новата програма Минување низ вода (Wade).

Тој го содржи и новиот систем на „Јагуар Ленд ровер“ за информации и забава, Pivi Pro, како и екран на допир од следната генерација.

Купувачите имаат можност да избираат помеѓу четири мотори, од кои два дизелски, со моќ од 200 до 400 коњски сили. Во зависност од моделот, цената се движи од 33.000 до 45.240 фунти.