Компанијата за луксузни автомобили „Јагуар“ објави дека од 2025 година ќе нуди само електрични автомобили.

„Јагуар Ленд ровер“, кој е во сопственост на индискиот конгломерат „Тата моторс“, се надева дека овој потег ќе ја подобри ситуацијата на 86-годишниот бренд, кој се мачеше да опстане во изминатите години. За таа цел, ќе бидат вложени 2,5 милијарди фунти во новата технологија.

Попрофитабилниот бренд на компанијата, „Ленд ровер“, ќе го произведе својот прв целосно електричен модел во 2024 година, како што и тој постепено ќе ги исфрлува моторите со внатрешно согорување.