Денеска во 18 часот во галеријата „Акантус“ во Дебар Маало во Скопје ќе се отвори изложбата со дела од уметникот Миро Масин. Изложбата е насловена „Од кујната на Миро Масин“, а уметникот ја најавува како „мала групна изложба“, со 52 дела од разни циклуси од изминатите години и едно дело од 2019.

„На изложбата, освен ‘нормални’ слики од циклусот ‘Ашанте’, има и повеќе музички инструменти, што се исправни и можат да свират, ама се осликани. Неколку гитари, две мандолини, балалајка, овие свират, не се само убави. Има и труба и виолина, ама се скулптури светилки. Сликарството на Масин на оваа изложба е во огромен дел апстрактно и не е многу податно за прецизни толкувања. Гледајте вие да најдете нешто што ќе ве поврзе со формите и со боите што ги гледате. И ако ви успее, најдете во делото сопствена приказна“, пишува Тихомир Јанчовски во каталогот.

Изложбата ќе трае до 4 мај.