НОВИОТ „МОСКВИЧ“ Е КОПИЈА НА КИНЕСКИ ТЕРЕНЕЦ

Москва, (Ројтерс)

Русија во средата го обнови производството на брендот „Москвич“, но новиот автомобил нема да има ништо од препознатливиот дизајн. „Москвич 3“, всушност, е копија на „sehol X4“, компактниот теренец на кинеската компанија „ЈАЦ“.

Производството се одвива во некогашната фабрика на „Рено“ близу Москва, додека „ЈАЦ“ ги позајми дизајнот, инженерингот и платформата за да се создаде „москвич 3“. Менаџерот на проектот Максим Кљушин потврди дека имаат странски партнер, но не го откри неговото име.

Планирано е оваа година да се произведат само 600 автомобили, од кои 200 ќе бидат електрични, а крајната цел се 100.000 „москвичи“ годишно. Продажбата ќе почне во јануари 2023.