Учесниците на Олимписки игри за првпат ќе спијат на кревети направени од картон. Иновацијата ќе биде претставена во Олимпиското село во Токио и организаторите уверуваат дека се многу цврсти.

„Креветите можат да издржат тежина до 200 килограми. Тие се посилни од дрвени кревети“, вели генералниот менаџер на Олимпиското село Такаши Китаџима.

Сепак, тој на шега признава дека креветите нема да издржат ако во собата има луда прослава на златен медел.

„Се разбира, и дрвото и картонот можат да се скршат ако скокате на нив“.

По завршувањето на Игрите, картонските рамки ќе бидат рециклирани и претворени во хартија, а душеците во пластични производи. За потребите на Селото, ќе бидат направени 18.000 кревети.

Олимпиското село целосно ќе биде завршено во јуни, додека Игрите се отвораат на 24 јули.