Новото издание на Неделата на дизајн во Дубаи започна со серија инсталации од биоматеријали, вклучувајќи инсталации направени од отпад од храна. Неделата на дизајн прикажува проекти од локални и меѓународни дизајнери.
Годинава беше забележлив трендот многуте привремени инсталации што го покриваат фестивалскиот простор да бидат изградени од биоматеријали, добиени од живи организми, како растенија, животни и габи.
Повеќето беа поставени како пример за тоа како биоматеријалите можат да се користат за да се создадат поодржливи, функционални структури.
Дизајнерот од Лондон Артур Маму-Мани направи павилјон од шеќерна трска. Неговата цел беше да тестира како материјалот ќе реагира на различни клими. Маму-Мани верува дека тоа би можела да биде иднината, така што шеќерната трска ќе ја замени пластиката што се користи за шишиња и други производи за еднократна употреба.