Италијанската фирма „Пининфарина“ има дизајнирано за автокомпании како „Ферари“ и „Масерати“, а годинава беше актуелна и со првиот луксузен електричен хиперавтомобил на светот „батиста“, но нејзиниот нов производ има многу повеќе тркала.
„Пининфарина“ дизајнираше воз за линија во швајцарските Алпи, кој ќе поврзува три тамошни туристички дестинации, Монтро, Гштад и Интерлакен. Тој ќе почне да оперира во декември 2020 и годишно ќе превезува 1,5 милиони туристи.
На возот се истакнуваат панорамските стакла кои содржат технологија што ја минимизира рефлексијата кога патниците фотографираат.
„Новите безбедносни стандарди ја поттикна нашата креативност, место да ја ограничат. Во секој проект, нашата цел е да креираме убави објекти и овој воз ќе нуди потполно патувачко искуство и ќе биде во целосна симбиоза со околната природа“, изјави главниот дизајнер на „Пининфарина“, Алфредо Палма.