„Ферари“ го претстави својот прв автомобил со хибриден погон, кој може да се пофали со неверојатни перформанси.

Неговото име е „СФ 90 страдале“ и тоа е најсилниот друмски „ферари“ на сите времиња. Покрај В8 моторот, тој има и три електрични мотори (еден позади и два напред) и сите тие заедно развиваат 985 коњски сили и овозможуваат забрзување до 100 километри на час за неверојатни 2,5 секунди. Неговата максимална брзина е 340 км/час.

На струја, ова „ферари“ може да помине само 25 километри, но при максимална брзина од 135 км/час.

„Ферари“ засега нема објавено колку ќе чини „страдале“, ниту во колку примероци ќе биде произведен, но неговата појава беше неизбежна, имајќи предвид дека светот полека се откажува од автомобили со мотори на внатрешно согорување.