„Лего“ само што го пушти во продажба својот најголем сет коцки досега и веднаш го распродаде.

Во прашање е детаљната репродукција на славниот римски Колосеум, која се состои од 9.036 коцки и кога ќе се направи, таа е 27 сантиметри висока, 52 сантиметри широка и 59 сантиметри длабока. Претходниот рекорд го држеше „лего“ верзијата на „Милениум фалкон“, вселенскиот брод од „Војна на ѕвездите“, кој се состои од 7.541 коцка.

Сетот чини 549,99 долари.

Колосеумот останува една од најпопуларните туристички атракции на Рим и пред пандемијата, годишно го посетуваа над седум милиони луѓе. Тој бил најголемиот амфитеатар на светот во своето време и можел да прими 80.000 гледачи.