РУСКИ НОВИНАР ДОБИ ПРИСТАП ВО ДОМОТ НА КИМ ЏОНГ-УН

Пјонгјанг, (Дејли мејл)

Раскошна палата на Ким Џонг-Ун за првпат беше видена, благодарение на серија фотографии на еден руски новинар, кои даваат редок увид во приватниот живот на лидерот на најзатворената држава на светот.

Таа се наоѓа на непозната локација во близина на Пјонгјанг и фотографиите покажуваат модерна резиденција со минималистичка внатрешност и со убаво средени градини.

Убаво средени градини доминираат околу палатата (Фото: ТАСС)

Новинарот Валери Шарифулин доби уникатна можност да ѕирне во домот на Ким при неодамнешната посета на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Поранешниот телохранител на Ким, Ли Јоунг-Кук, своевремено откри дека тој има најмалку осум палати надвор од главниот град. Сепак, речиси е невозможно тие да се видат поради силните безбедносни мерки околу нив.

Внатрешноста на палатата е едноставно декорирана (Фото: ТАСС)
Ким е и љубител на уметност, па во палатата има неколку скулптури (Фото: ТАСС)