ШВАЈЦАРЦИТЕ ПРАВАТ ХИПЕРАВТОМОБИЛ ОД 2.000 КОЊСКИ СИЛИ И ДВА МИЛИОНА ЕВРА

Женева, (Мотор1)

Малку познатата компанија „Моранд карс“ го создава првиот швајцарски хиперавтомобил, чија моќност ќе биде страшна, а цената уште пострашна.

Сè уште неименуваниот автомобил ќе има хибридна и целосно електрична верзија: првата ќе биде со В10 мотор и три електрични со вкупни 1.200 коњски сили, додека четирите електромотори на уште поеколошкиот модел ќе развиваат дури 2.000 коњски сили. Електричниот автомобил наводно ќе може целосно да се наполни за помалку од десет минути.

Хибридот ќе тежи 1.370 килограми, е електричниот модел ќе биде уште полесен, 1.250 килограми, а максималната брзина на двата ќе биде 400 километри на час.

Од компанијата велат дека автомобилот е во првата од трите развојни фази и се очекува да биде подготвен следната година, а во производство да влезе во 2023. Неговата цена ќе биде два милиона евра, а ќе се произведе во само 73 примероци.