ТЕРЕНЕЦОТ „EQA“ Е ПРВИОТ ОД НЕКОЛКУТЕ НОВИ ЕЛЕКТРИЧНИ МОДЕЛИ НА „МЕРЦЕДЕС“ ОВАА ГОДИНА

Минхен, (Ројтерс)

„Мерцедес-Бенц“ го претстави својот нов електричен компактен теренец „EQA“, како дел од плановите да му конкурира на „Тесла“.

EQA“, првиот од неколкуте електрични модели што „Мерцедес-Бенц“ планира да ги претстави оваа година, има почетен домет од 426 километри, а верзијата со 500 километри ќе дојде подоцна. Теренецот ќе почне да се продава во Европа од 4 февруари.

Продажбата на електрични автомобили во ЕУ порасна за 122% во првите три квартали од минатата година, додека производителите се обидуваат да ги исполнат целите за намалување на штетните емисии.