„ФАНК ШУИ“, „ПЛУТО‘С ДАУТ“ И „ЈУ“ НОМИНИРАНИ ЗА ЕВРОПСКАТА МУЗИЧКА НАГРАДА „ХЕМИ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Македонските групи „Фанк шуи“, „Плуто‘с даут“ и „Ју“ влегоа во потесниот избор за музичката награда „Хеми“, откако претходно биле во конкуренција на 285 изведувачи од Централна и Југоисточна Европа.

Од 27-те кандидати, девет ќе влезат во втората фаза, од каде што ќе се избираат трите добитници на наградата „Хеми“, што ја доделува истоимениот центар за музички иновации.

„Хеми“ е нова програма која има за цел да поддржи талентирани изведувачи од Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Северна Македонија, Полска, Романија, Србија и Словенија кои се подготвени да ја пласираат својата музика на европско ниво.