УЛИЦА ВО ЛОНДОН ПРЕТВОРЕНА ВО ОГРОМЕН МУРАЛ

Лондон, (Лонли планет)

Улица во Источен Лондон доби нови бои откако беше украсена со еден од најголемите јавни уметнички проекти во Англија. Француската уметница Камил Валала претвори цел блок во еден огромен мурал, кој ги содржи нејзините препознатливи геометриски светли принтови.

Жителите на Лејтон успеале да соберат 40.000 фунти за да ѝ дадат нов изглед на својата занемарена улица. Муралот се протега преку осум згради и тој ќе остане нивна постојана фасада.

Делото не само што беше финансирано од заедницата, туку таа помогна и да се избере конечниот дизајн, гласајќи преку интернет.