ВО МИЛАНО ПОСТАВЕНА НАЈГОЛЕМАТА СКУЛПТУРА НА НАДУВУВАЊЕ НА СВЕТОТ

Милано, (Дезин)

Холандското дизајнерско студио „Денис Фандербрук“ ја создаде најголемата скулптура на надувување на светот за потребите на ревијата на „Дизел“ на Миланската модна недела.

Поставена во центарот на „Алијанц клауд арена“ за време на ревијата, скулптурата беше 50 метри долга, 38 метри широка и 14 метри висока.

„Во текот на нашиот инспиративен креативен процес случајно поставивме нов Гинисов рекорд“, изјави основачот на студиото Денис Фандербрук.

Скулптурата се состоеше од четири тела кои меѓусебно се испреплетуваат со екстремитетите, а била конструирана од најлон налик на оној што се користи за изработка на падобрани.