Ким Кардашијан и Канје Вест ги отворија вратите на својот футуристички имот во Лос Анџелес, на кој за четири години потрошиле милиони долари за да го трансформираат во свој дом од сништата.

Тие го купија имотот во населбата Хиден Сити за 20 милиони долари во 2013 и откако го подложија на целосно реновирање, се вселија во него четири години подоцна. Една од измените што ги направиле е што на местото на двата постојни базена на имотот изградиле еден голем. Иако тоа ги чинело 50.000 долари, Кардашијан призна дека сѐ уште не влегла во него.

Ким и Канје со највозрасното од четирите деца, Норт (Фото: Вог)

„Да, дали ви се верува? Но, го сакам нашиот базен“, кажа таа во фотосесијата за магазинот „Architectural Digest“, додавајќи дека Канје не ѝ ја исполнил желбата да стават џакузи.

Кардашијан и Вест се родители на четири деца на возраст од шест години до осум месеци. Тие објаснуваат дека се потрудиле домот да изгледа минималистички, пространо и модерно, а во исто време да биде ориентиран кон децата.

(Фото: Твитер)

„Ќерката Норт беше инспирација за дизајнот на куќата“, вели Кардашијан, а Вест додаде:

„Децата возат скутер низ ходниците и скокаат по дизајнерскиот мебел, но нашата визија и онака беше да го базираме домот врз семејството“.