ВО РОТЕРДАМ ОТВОРЕНА ПЕШАЧКА ПАТЕКА КОЈА ПОМИНУВА ПРЕКУ ПОКРИВИ

Ротердам, (Дезин)

Холандското архитектонско студио „МВРДВ“ дизајнираше пешачка патека која поминува преку покривите на две соседни згради во Ротердам. Оваа привремена портокалова инсталација почнува на покривот на Светскиот трговски центар, па преку мост на височина од 30 метри преминува на стоковната куќа „Бајенкорф“.

Патеката долга 600 метри им овозможува на посетителите да се движат по покриви и попат да разгледуваат неколку изложби, кои се дел од фестивалот „Ротердамски денови на покриви“. Целта на фестивалот е да ја подигне свеста за употребливоста на покривите.