ЕЛТОН ЏОН НА ПОШТЕНСКИ МАРКИ ВО БРИТАНИЈА

Лондон, (Скај)

Британската државна пошта издаде поштенски марки со ликот на легендарниот музичар Елтон Џон, во знак на славење на неговата музика. Пејачот и текстописец е втор музичар кој ја добива оваа чест после Дејвид Боуви во 2017.
На осум од марките за сер Елтон Џон има фотографии од некои од неговите најпопуларни омоти од албуми. Меѓу нив е и омотот од 1975, која беше дизајниран од Џани Версаче.

Фото: Скај

На останатите четири марки, има фотографии од концертите на Џон низ децениите.

„Да се каже дека бев изненаден кога ми се јавија од Државната пошта е потценување. Никогаш не сум помислил дека ќе ме има на поштенска марка. Ова е прекрасно, голема чест“, изјави Џон.

Филип Паркер од Државната пошта рече: „Елтон е еден од најуспешните британски музичари на сите времиња. Нашите поштенски марки се прослава на неговиот прекрасен музички придонес“.