Во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ од 2 до 6 септември во Трпејца се одржува второто издание на Меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2019“. Заедно со домаќините – уметниците Ѓоко Симјаноски и Свето Стефановски веќе три дена творат и Дражен Конатар од Бјело Поље, Црна Гора, Јовица Костиќ и Владисав Богичевиќ од Ниш, Србија и Петрит Лараку од Поградец, Албанија.

Колонијата има и едукативен карактер. Утре уметниците ќе творат заедно со учениците од подрачното училиште „Св. Наум Охридски“ во Трпејца. Покровител на колонијата годинава е Општина Охрид.

Д. ЧУБРИЌ