Актерките Ема Вотсон, Клер Фој и Кристен Стјуарт се ѕвездите на календарот на „Пирели“ за 2020 година, кој му оддава почит на еден од најтрагичните ликови од драмите на Шекспир – Јулија.
Насловен „Барајќи ја Јулија“, 47. издание на календарот симболично беше претставено во Верона, а го сними италијанскиот фотограф Паоло Роверзи.
„Верувам дека Јулија постои во секоја жена и нема да престанам да ја барам“, изјави Роверзи.
Тој ангажираше девет жени од светот на филмот, музиката, телевизијата и уметноста за да креира нови. модерни интерпретации на Јулија. Покрај трите холивудски ѕвезди, во календарот се појавуваат и актерките Мија Гот, Индија Мур и Јара Шахиди, пејачките Крис Ли и Росалија и италијанската уметница Стела Роверзи.
„Убаво е што постои приказна зад секоја фотографија. Тоа ги прави побогати. Јулија е како приказна за прва љубов и тие чувства можат да бидат и нежни и болни“, изјави Ема Вотсон.