ЏОРЏО АРМАНИ НАГРАДЕН ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО НА МОДНИТЕ НАГРАДИ ВО ЛОНДОН

Лондон, (Би-Би-Си)

Наоми Кембел е прогласена за модна икона, а Џорџо Армани доби награда за животно дело на годинашните Модни награди во Лондон, кои на црвен килим собраа славни имиња од светот на модата, филмот, музиката и спортот.

Адут Акеч е прогласена за модел на годината, а Наоми Кембел за модна икона (Фото: Гети)

За најдобар дизајнер е прогласен Британецот Даниел Ли, кој креира за брендот „Ботега Венета“, додека модел на годината е Адут Акеч, која има јужносуданско-австралиско потекло.

Една од ѕвездите на вечерта беше 85-годишната модна легенда Џорџо Армани, на кого наградата за животно постигнување му беше доделена од оскаровките Кејт Бланшет и Џулија Робертс.

„Ова признание многу ми значи и затоа што не се смета за позитивно да си навикнат на убави работи“, вели Армани.

Тој ја основал својата истоимена компанија во 1975 година и таа и денес е една од најуспешните во модниот бизнис, откако лани остварила приход од 2,1 милијарда евра.