„Фиат“ претстави автомобил што го дизајнираше во соработка со луксузниот моден бренд „Армани“ по повод 125 години од своето основање. Ексклузивниот електричен модел на „фиат 500“ доаѓа во темно зелена и сива боја, а го придвижува мотор кој со едно полнење може да помине 320 километри.
„Дизајнерите на ‘Фиат‘ и ‘Армани‘ со месеци работеа заедно за да се спојат душите на двата бренда во едно дело, а резултатот е автомобил кој се носи, а не вози“, соопшти „Фиат“.
Автомобилот, кој е произведен во Торино, содржи бандажи со логото на „Армани“, кој работел и на таблата со инструменти, вратите и на задното стакло.
(Фото: Профимедија)