ХАЈДИ КЛУМ СЕ ПРЕТВОРИ ВО ПАУН ЗА СВОЈАТА ТРАДИЦИОНАЛНА ЗАБАВА ЗА НОЌТА НА ВЕШТЕРКИТЕ

Њујорк, (АП)

Хајди Клум и оваа година не разочара со својот костум за Ноќта на вештерките, трансформирајќи се во паун, додека неколкумина акробати ги формираа пердувите на опашката. Клум, која лани се маскираше во голем дождовен црв, ја придружуваше сопругот Том Каулиц облечен како јајце.

Сопругот на Клум, Том Каулиц, беше маскиран во јајце (Фото: АП)

Забавите на германскиот супермодел за Ноќта на вештерките привлекуваат големо внимание уште откако ја одржа првата во 2000. Таа вообичаено поминува низ неколкучасовен процес на шминкање и маскирање.

Клум пристигна на забавата во придружба на изведувачи од славната циркуска трупа „Сирк ду солеј“.

„За ова е потребно многу планирање. Прво треба да имаш идеја, а овојпат имав идеја да направам нешто со многу луѓе“, изјави 50-годишната Клум.

Клум пристигна на забавата заедно со изведувачи од „Сирк ду солеј“ (Фото: АП)