Војводата и војвотката од Сасекс денеска го имаа последниот јавен настап како членови на британското кралско семејство, појавувајќи се на одбележувањето на Денот на Комонвелтот во Лондон.
Меган Маркл носеше смарагдно-зелен фустан дизајниран од Емилија Викстед кога го придружуваше својот сопруг принцот Хари на службата во Вестминстерска катедрала, на која присуствуваа и кралицата Елизабета Втора, принцот Чарлс и војводата и војвотката од Кембриџ.
Кралските задолженија на Хари и Меган официјално завршуваат на 31 март, кога тие стануваат обични цивили.
Пред само две години, Хари и Меган се сметаа за златна двојка која би можела да го доближи кралското семејство до новите генерации. Денешниот настан означи крај на двомесечната драма, која почна кога тие ненадејно објавија дека се откажуваат од кралските задолженија и планираат да се преселат во Канада и самостојно да заработуваат.