ХИЛАРИ СВОНК СЕ ВЕНЧАШЕ ВО ШУМА ВО КАЛИФОРНИЈА

Лос Анџелес, (Вог)

Актерката Хилари Свонк и претприемачот Филип Шнајдер објавија дека викендов, по двегодишна врска, се венчале на приватна церемонија во шума во Калифорнија.

Оскаровката Свонк (44) носела венчаница дизајнирана од „Ели Саб“, изработена од чипка, шифон и органска свила, а за велот биле искористени шест метри тил. За изработка на фустанот биле потребни 150 часа, а за велот 70 часа.

Свонк и Шнајдер на венчавката и на забавата потоа (Фото: Вог)

За дизајнот на фустанот, актерката се инспирирала од природата, од дрвјата кои ги опкружувале на свадбената церемонија.

„Сакав нешто романтично и безвременско, како црвените дрвја кои се специфични за местото кадешто се венчавме. Фустанот е сѐ што замислив, дури и повеќе“, изјави таа за „Вог“.

На забавата, Свонк се преоблекла во креација на „Диор“, а младоженците ги изненадиле гостите со подготвена кореографија на песната на Моби, „Во моето срце“.