Модел кој личи на Иванка Трамп чисти со правосмукалка и ги кани посетителите да ѝ фрлаат трошки е нов уметнички проект во Вашингтон.
Проектот на њујоршката уметница Џенифер Рубел е насловен „Иванка чисти со правосмукалка“ и ќе трае до 17 февруари. Публиката е поканета „да фрла трошки на килимот и да ја гледа Иванка како елегантно чисти со нејзината стандардна насмевка“.
Во текстот на ѕидот, ќерката на американскиот претседател е опишана како „фигура чија јавна личност вклучува широк спектар на женски идентитети: ќерка, сопруга, мајка, сестра, модел, вработена жена, блондинка“.
Иванка Трамп и нејзините браќа Доналд Помладиот и Ерик ја критикуваа изложбата како сексистички напад кој има за цел да ја понижи.