ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ КАЛЕНДАР НА ВЛАДИМИР ПУТИН И ЈАПОНЦИТЕ ГО РАЗГРАБАА

Токио, (Гардијан)

Без разлика дали лежерно влегува во студена вода или крева тегови во вежбалница, Владимир Путин ги возбудува Јапонците. Новиот календар на рускиот претседател е толку голем хит во Јапонија, што се продава подобро од оние на локални ѕвезди.

Ланецот продавници „Лофт“, што ги има ексклузивните права да го продава календарот, објави дека тој е попопуларен од оние на актерот Кеи Танака и на светскиот првак во уметничко лизгање Јузуру Ханју.

Путин за месец јануари (Фото: Гети)

Календарот на Путин, редовно набиен со тестостерон, почна да се продава во Јапонија во 2016 година. Ова издание ја содржи и познатата фотографија на разголениот Путин на риболов во Сибир.

Календарот за 2019 година се отвора со фотографијата на Путин како влегува во езерото Селигер, што се совпаѓа со обичаите за празникот Водици. Во другите месеци, Путин се покажува како човек кој води здрав живот, сака кучиња и спорт, но и кој е посветен на своите државнички обврски.